Цените на гасот на европската берза ТТФ се на највисоко ниво во последните пет месеци од 34,9 евра за мегават-час

Цените на гасот на европската берза ТТФ денеска се искачија на 34,9 евра за мегават-час, што е највисока за последните пет месеци.

Австриската енергетска компанија ОМВ неодамна издаде итно соопштение во кое предупредува дека руски Гаспром може да ја прекине испораката на гас за Австрија врз основа на пресудата на „странски суд“ за начинот на плаќање на гасот.

Доколку пресудата биде спроведена, ОМВ би била принудена да ги запре плаќањата кон Гаспром, што најверојатно би довело до прекин на испораката на руски гас за Австрија.

Деталите за пресудата на „странскиот суд“ не се соопштуваат.

Компанијата ОМВ нагласи дека нејзината подружница ОГМТ „ќе продолжи да ги снабдува клиентите со гас од алтернативни, неруски извори“ и дека пазарите во Европа нема да бидат загрозени, пренесува порталот „Оилпрајс“.

Можеби ќе ве интересира...

Инвестиции во кадар и одржливо рударство во фокусот на излагањето на Ивица Карапетров на Подекс-Повекс ’25

BiznisPRO

Цените на храната растат насекаде низ светот, месото е најпогодено

BiznisPRO

Познато е кога тргнува исплатата на средствата од Мој ДДВ – еве до кога треба да легнат парите на сметките на стотици илјади граѓани

BiznisPRO