Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат – неизвесноста на пазарите ја намалува побарувачката

Цените на нафтата на глобалните пазари бележат пад трета недела по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат од намалена побарувачка поради забавувањето на економскиот раст во водечките светски економии и зголемените трговски тензии.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта минатата недела се намали за 3,8% и изнесуваше 70,36 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 3,9%, достигнувајќи 67,04 долари.

Главната причина за континуираниот пад на цените е неизвесноста во однос на трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, која создава дополнителен притисок врз пазарите и ја зголемува загриженоста за глобалната економска стабилност.

Можеби ќе ве интересира...

Драстичен пад на цените на пелети – се продаваат од 180 до 230 денари за вреќа, а пред неколку години беа над 500 денари

BiznisPRO

Дурмиши: Нови дигитални алатки и посилна инспекција за заштита на работниците

BiznisPRO

Nvidia забележа годишен раст на приходите од 114 проценти

BiznisPRO