Цените во земјоделството во февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 0.6 % кај инпутот, а се зголемени за 20.7 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во февруари 2026 година, споредени со цените во февруари 2025 година, бележат намалување кај инпутот, а зголемување кај аутпутот, информира Државниот завод за статистика.

Во делот инпут, во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, има намалување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за
1.1 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.4 %.

Во делот аутпут, во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 23.8 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 1.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

Министерството за енергетика и ЕБОР ги финализираат стратешките проекти за 2026

BiznisPRO

ТРЕБА ЛИ ПОМАСОВЕН БОЈКОТ НА ГОЛЕМИТЕ “ЛУКСУЗНИ” ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ? – За вториот бојкот на маркетите прометот во маркетите падна за 22,12 отсто

BiznisPRO

Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед

BiznisPRO