Цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.2 % кај инпутот и за 18.0 % кај аутпутот

Индексот на цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 103.2 кај инпутот и 118.0 кај аутпутот.

Во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 105.8.

Во делот аутпут, во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 122.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.9.

Главни поенти
Цените во земјоделството во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година пораснале за:

22.2 % кај растителното производство
6.9 % кај добиточното производство
кај аутпутот,

3.0 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
5.8 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
кај инпутот.

извор ДЗС

Можеби ќе ве интересира...

Кинескиот производител на автомобили планира фабрика во Србија

BiznisPRO

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е 43.587 денари

BiznisPRO

УЈП со советодавна посета на пазарот на ракотворби во ГТЦ и на закупувачи на штандови на Виноскоп во Скопје

BiznisPRO