Работите излегуваат од контрола, велат граѓаните, откако основните прехранбени производи забележаа драматичен раст на цените. Според изјави од потрошувачи, цените скокнаа за 10-20%, а на некои места и повеќе.
Силен раст на цените на месото, млекото и кафето
Најголемиот удар го чувствуваат семејствата при купување на месо, млеко и млечни производи. Цената на оризот и кафето исто така забележаа значително зголемување, што дополнително го оптоварува семејниот буџет.
Овошјето луксуз за мнозина – црешите достигнаа 1400 денари по килограм
Особено загрижува поскапувањето на овошјето, кое стана речиси недостапно за многу граѓани. Пример за ова е цената на црешите, која достигна неверојатни 1400 денари за килограм, што е шокантно за потрошувачите.
Граѓаните бараат решенија
„Веќе не можеме да си дозволиме основни намирници, сè стана прескапо. Очекуваме владата да преземе нешто за да ги стабилизира цените,“ изјави загрижена домаќинка од Скопје.
Засега, останува неизвесно како ќе се развива ситуацијата, но граѓаните со загриженост следат како цените растат, додека стандардот на живеење опаѓа.