ЦЕНТАРОТ НА ТИКВЕШИЈАТА РАСТЕ ВО МОДЕРЕН ГРАД: Поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO прозорци 

 

Новиот повеќенаменски комплекс во Кавадарци, Little Amerika ветува висок комфор во домовите со високо енергетско ефикасни решенија, и со извонредна топлинска изолација благодарение на прозорците изработени од најновите профили на РЕХАУ Македонија, ARTEVO. 

 

Ликот на Кавадарци полека, но сигурно се менува. Не само од естетски аспект како модерен европски град, туку и според изборот да се вградат градежни решенија чиј фокус е одржлива иднина, и иднината на новите генерации. Новиот повеќенаменски комплекс на вкупна површина од 35.000 м2 во новиот центар на Кавадарци, Little Amerika почна да заличува на ветениот грандиозен објект чиј главен приоритет е највисоко ниво на енергетска ефикасност. Комфорни домови и пријатни деловни простории со можности за заштеда на енергија до 70 отсто, извонредна топлинска и звучна изолација кои обезбедуваат услови за удобност, квалитетно минато време, и мир за станарите и за вработените. 

Довербата да се обезбедат најдобрите решенија за прозорци и врати достапни на македонскиот пазар, инвеститорот на објектот ја додели на Рехау Македонија, водечкиот премиум бренд за полимерни решенија, кои ќе вградат профили од најновиот прозорски систем, ARTEVO

Можностите на ARTEVO се неограничени, објаснува Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија

„Потрошувачите на македонскиот пазар препознаваат квалитет кој носи додадена вредност на инвестицијата. Едноставно на пазарот од секогаш сме имале понуда која исполнувала стандарди за квалитет и ја оправдувала инвестицијата. ARTEVO е најновиот прозорски систем на нашиот пазар, и веднаш стана препознатлив по карактеристиките кои овозможуваат енергетската ефикасност до совршеност, односно обезбедува извонредна топлинската и одлична звучна изолација. Со инвеститорот на Little Amerika договоривме да се вградат профили за речиси 1.000 прозорци за комплексот кој е во изградба“, вели Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.   

Современиот станбено – деловен комплекс LA Shopping and living ќе се состои од три станбени објекти и еден деловно-трговски објект, а ќе биде центарот на новото урбано живеење во градот и во регионот, но визија на инвеститорот е да привлече и туристи во најпознатиот македонски вински регион.  

Извонредната топлинска изолација која ја обезбедува прозорскиот систем ARTEVO соодветствува на определбата на инвеститорот да изгради енергетско ефикасен комплекс. 

Со овој систем за архитектите веќе нема невозможно, затоа што е лесно прилагодлив за исполнување на нивните идеи и замисли. Односно, системот ARTEVO го користи иновативниот материјал со високи перформанси RAU-FIPRO X – компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна кој во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Материјалот овозможува висина на прозорските елементи до плафон, односно висина на крилото до 2,80m. 

Новиот комплекс ќе ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво поради квалитетот на материјалите и удобноста на живеење која ќе ја креираат во новите станови. 

Севкупниот простор со објектите е дизајниран да ги задоволи највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на модерен архитектонски израз и современи материјали. Зградите ќе имаат деловни простории на приземјетo, а на останатите седум ката и поткровјата предвидени се двособни, трособни, четирисобни станови и дуплекси. Секоја зграда е опремена со паркинг на две нивоа, зеленило и заеднички простори. Невообичаено ќе изгледа и кровниот дел, или како што популарно го нарекуваме “roof top”-от  на секој од објектите ќе биде уреден како заеднички простор за дружење со зелена градина, базен, сауна и теретана, обезбедувајќи приватност на станарите. Во комплексот се вградува и најсoфистицираниот систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%. 

За да се запознаете со предностите при користењето на ARTEVO посетете ја нашата страница – https://window.rehau.com/mk-mk/gradeznistvo/artevo

Како треба да изгледа комплекстот Little Amerika и што се е предвидено да има можете да најдете на нивната страница – https://littleamerica.mk/

Инвеститор: Тиквеш Инвест Дооeл, Кавадарци 

Архитектонско биро: Студио К2 Архитекти Доо Скопје, архитект: Крсте Петров, диа 

 

Можеби ќе ве интересира...

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

BiznisPRO

МТЕЛ станува генерален спонзор на кошаркарската Прва машка лига, продолжува партнерството со КК Работнички и КК МЗТ Скопје

BiznisPRO

Средба Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

BiznisPRO