Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата, работиме на подобрување на деловната клима

„Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд Басар Дурмиши на бизнис форумот и деловни средби меѓу Република Северна Македонија и Република Турција кој што се одржа денеска во хотел Хилтон.

На бизнис форумот учествуваше и министерот за трговија на Турција Омер Болат кој е во еднодневна посета на Северна Македонија како и компании од Турција и Северна Македонија.

Министерот Дурмиши истакна дека Северна Македонија и Турција имаат одлична билатерална и трговска соработка која има простор да се зголеми во наредниот период.

„Турските инвестиции се едни од најбројните во земјата и сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјава со околу две милјарди евра. Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис заедницата сакаме да изградиме партнерски односи кои носат резултати.Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите сите компании кои работат во Северна Македонија и домашните и странските инвеститори имаат исти услови и можности за добивање поддршка од државата. Со концептот на воспоставување на Технолошките индустриски развојни зони привлечени се повеќе од 35 мултинационални производствени компании со глобално влијание„ кажа министерот Дурмиши и ги повика турските компании да инвестираат во земјава и да ги прошират своите инвестиции, а Владата ќе обезбеди најповолна бизнис клима за работа.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната нето плата достигна 42.134 денари

BiznisPRO

Курсна листа за 29 јануари 2025

BiznisPRO

Превезената стока во товарниот патен превоз во второто тримесечје од 2025 година е зголемено за 33.8% во однос на истото тримесечје од претходната година

BiznisPRO