УЈП со важна информација до даночните обврзници

Соопштение на УЈП:

Ги информираме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека Управата за јавни приходи врши надградба на системите за обработка на плати (МПИН пресметки) поради што може да се соочат со пречки или неможност да извршат криптирање на МПИН пресметките, кое се очекува да заврши во наредните 24 часа.

Надградбата на системите на УЈП е со цел етапно мигрирање од тековниот начин на изготвување и поднесување МПИН пресметките кон новиот начин – преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg, кој ќе придонесе за олеснување на постапката на поднесување на МПИН пресметките и ќе влијае на зголемување на даночната усогласеност на обврзниците и подобрување на даночните услуги.

Во насока на навремено прилагодување на интерните системите на даночните обврзници и прилагодување на вршителите на сметководствени работи на новиот начин на изготвување и поднесување МПИН пресметки, потребно е да се следат чекорите и насоките дадени во Корисничкото упатство за поднесување на МПИН пресметки преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg кое е објавено на веб страницата на УЈП (види линк http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/438).

По завршување на надградбата на системите за плати, Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение и насоки за понатамошно постапување во однос на изготвување и поднесување на МПИН пресметките.

Во меѓувреме, ги советуваме ОБВРЗНИЦИТЕ КОИ СЕУШТЕ НЕМААТ ПОДНЕСЕНО МПИН ПРЕСМЕТКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТА ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2025 ГОДИНА, истото да го сторат на новиот начин односно преку користење на МПИН модулот во системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg

Потсетуваме дека за да може да се користи МПИН модулот преку системот е-Даночни услуги, потребно е претходно во системот да имате овластување за изготвување на МПИН пресметки доделено од страна на правното лице – Исплатувач на доходот.

За повеќе информации преземете Корисничкото упатство за регистрација и доделување овластувања, кое е достапно на корисничкиот профил на системот системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg

Можеби ќе ве интересира...

Колку се движи доларот, а колку еврото – Курсна листа за 21 ноември 2024

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Извештајот на ММФ покажува висока транспарентност на Народната банка

BiznisPRO

Макроекономски монитор: Изгледите во поглед на инфлацијата стануваат поповолни, но зависат од критични домашни фактори

BiznisPRO