УЈП со важна информација до организаторите на зелени пазари – До 31-ви декември поднесете извештај з атековната состојба на корисниците на тезги на зелените пазари за наредната 2026-та година

Управата за jавни приходи Ве потсетува дека како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ПДД-И/ЗП), преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam

Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е должен да достави нов извештај до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената.

Во насока на унапредување на досегашната соработка и обезбедување навремени, ажурни и точни податоци во годишните и месечните извештаи за корисниците на тезги на зелените пазари, навременото доставување на овие информации е од суштинско значење за ефикасно и транспарентно постапување, со што

  • се постигнува висока усогласеност со законските обврски,
  • се одбегнува примената на прекршочните одредби,
  • се зголемува усогласеноста на даночните обврзници – корисници на тезги,
  • се обезбедува навремено и правично оданочување.

Управата за јавни приходи Ве потсетува на законските одредби од Законот за данок на личен доход како следи:

Паушално се оданочуваат само физички лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Сите лица кои вршат продажба на други добра не може да се оданочуваат паушално и треба да бидат регистрирани во некоја од организационите форми согласно Закон за трговски друштва ЗТД (правно лице или трговец поединец – вршител на дејност). Нивното оданочување се врши во зависност од организационата форма во која се регистрирани.
Доколку едно правно лице – организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, потребно е да поднесе извештај со податоци за секој одделен пазар.

Доколку пазарот е од сезонски карактер, потребно е навремено известување до службеното лице во Управата за јавни приходи кое ве администрира како даночен обврзник, со соодветно појаснување и приложени докази, за пазарот да биде означен како сезонски во системот е-Даночни услуги.
Врз основа на доставените извештаи, Управата за јавни приходи врши утврдување на данокот на личен доход, за што донесува решенија за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година, или најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената во извештајот.

Со решението за паушално оданочување, Управата за јавни приходи до даночниот обврзник доставува месечни аконтативни пресметки за плаќање на данокот.

Рок за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход е до 15-ти во месецот за предходниот месец.

Како да го поднесете извештајот?

  • Навреме склучете договор со физичките лица – закупувачи и корисници на тезги.
  • Пријавете се во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam
  • Поднесете податоци за сите зелени пазари кои ги организирате.
  • Во случај на сезонски пазар, навремено известете ја УЈП.
  • Доколку во текот на годината настанат промени (престанок на користење на тезга или нов корисник на тезга), имате обврска да поднесете нов извештај до УЈП.

Можеби ќе ве интересира...

Во 2023 година се платени за 10.1 % помалку даноци за животната средина отколку во претходната година

BiznisPRO

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

BiznisPRO

Лоша вест: Повторно поскапуваат горивата

BiznisPRO