УЈП со важна вест до бизнисите

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните апарати во овластен сервисен центар.

Адресните податоци внесени во фискалниот систем треба да бидат точни и да соодветствуваат со локацијата каде што се користи фискалната каса.

Даночниот обврзник кој го користи фискалниот систем во одреден деловен објект не смее да го пренесува, користи или отуѓува фискалниот апарат во друг објект без претходна пријава во Управата за јавни приходи преку овластен сервисен центар.

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, корисници на фискална опрема дека секоја промена или одјава на фискалниот систем мора да биде одобрена од страна на Управата за јавни приходи. Исто така даночните обврзници кои престануваат да го користат фискалниот систем, било поради прекин на дејност или набавка на нова опрема (нов фискален апарат), должни се стариот да го одјават преку овластен сервисен центар во Управата за јавни приходи.

Апелираме даночните обврзници да ги почитуваат одредбите од законот и да бидат даночно усогласени.

Можеби ќе ве интересира...

Wizz Air ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НА ПАТНИЦИТЕ ПО УСПЕШНИТЕ ТЕСТИРАЊА НА ОДРЖЛИВО АВИЈАЦИСКО ГОРИВО (SAF) ВО СОРАБОТКА СО airbus

BiznisPRO

Со воведување на ESG стандардите „Тиквеш“ го потврди статусот на прва и водечка винарница во ЈИЕ 

BiznisPRO

Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ

BiznisPRO