Уште еден производ е повлечен од пазарот во Хрватска, потрошувачите забележале промени во изгледот

Компанијата „Фруктал“ денеска соопшти дека ќе повлече еден од своите производи од пазарот во Хрватска бидејќи потрошувачите забележале промени во изгледот, пренесува Index.hr.

Компанијата „Фруктал“ денеска соопшти дека поради поплаки за нивниот производ „Фруктал сируп Дабл Ц“ со 50 отсто помалку шеќер и амбалажа од еден литар, ќе биде повлечен од пазарот и заменет со производ со различен датум на производство.

Оттаму рекоа дека наведениот производ од оваа серија е детално анализиран согласно најстрогите контроли за квалитет и безбедност на храната, при што е утврдено дека наведениот производ не е штетен за потрошувачите.

Споменатите визуелни промени на производот, како што објаснија, се резултат на мешање на овошје.

„Оваа одлука е резултат на напорите на Фруктал да им излезе во пресрет на сите клиенти и потрошувачи како општествено одговорна компанија“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира...

Во Црна Гора започна акцијата „Ограничена цена“ на повеќе од 500 производи

BiznisPRO

Македонците плаќаат најевтини горива во регионот

BiznisPRO

Ова е најатрактивната европска земја за странските инвеститори

BiznisPRO