Уште една банка ќе ги исплати пензиите предвреме – парите ќе бидат достапни уште во петок

Започнуваме со исплата на пензиите од петок, 31 октомври, соопштија од Комерцијална Банка.

Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат.

Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 31 октомври (петок) и во секој работен ден после тоа, се вели во фејсбук статусот на Комерцијална Банка.

Можеби ќе ве интересира...

Регулаторна утврди нови цени на горивата

BiznisPRO

Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

BiznisPRO

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија

BiznisPRO