Успешна 2024 година за НЛБ Банка: Зголемена добивка, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата 

НЛБ Банка успешно ја заврши 2024 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година. Работејќи согласно својата Деловна политика за 2024 година, во услови на бројни предизвици, НЛБ Банка обезбеди финансиска поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во локалната економија. Истовремено, преку бројни општествено одговорни проекти, Банката во континуитет вложуваше во заедницата и покажа силна посветеност кон одржливо работење.  

Во анализираниот период НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 3.294.993 илјади МКД, што претставува зголемување за 2,4% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, што се должи на успешно спроведената деловна стратегија во сите сегменти од работењето на Банката.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор на 31.12.2024 година изнесуваат 84.148.602 илјади МКД и бележат зголемување од 13,6% во однос на крајот од 2023 година. Зголемувањето произлегува од постигнатиот значаен раст на кредитната активност од 9,7% во сите сегменти од кредитирањето на население, како и во делот на кредитирањето на компаниите каде е остварен раст од високи 18,8%. На крајот на 2024 година, вкупните депозити на Банката изнесуваат 107.284.147 илјади МКД, што претставува зголемување за 15,5% споредено со крајот на 2023 година. 

Во текот на годината, благодарение на своите континуирани активности на полето на општествената одговорност, НЛБ Банка се здоби со низа признанија и награди, меѓу кои: плакета за особен придонес и поддршка на Специјална олимпијада на Северна Македонија; признание за добри ESG практики од Македонска берза и Американска стопанска комора – AmCham; признание „Лидери на донирањето“ од организацијата „Конект“ и USAID Северна Македонија; признание за „Најдобри практики во корпоративна филантропија“ oд Американска стопанска комора AmCham, USAID Северна Македонија и организацијата „Конект“; две значајни признанија од организацијата на Црвениот крст –„Оскар на хуманоста“ од Црвениот крст на Град Скопје и признание „Златен поддржувач“ на активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како и признание од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за придонес во успехот на „Green Economy Financing Facility“. 

Клиентите и нивното задоволство остануваат во фокусот на работењето на НЛБ Банка. Банката ќе продолжи со кредитирање на населението и стопанството со акцент на зелените проекти, но и со дигиталната трансформација, унапредување на дигиталните канали со фокус на мобилното банкарство и имплементација на иновативни и дигитални финансиски решенија за унапредено корисничко искуство, како и со проширување на своето портфолио со нови банкарски и небанкарски продукти. Воедно, НЛБ Банка и натаму останува силно посветена на своите заложби за одржлив раст, одговорно банкарство и сеопфатна грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Можеби ќе ве интересира...

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на Банката

BiznisPRO

Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели

BiznisPRO

Николау: Градежната индустрија има потенцијал на раст

BiznisPRO