Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија

Собранието денеска го изгласа Законот за државната ревизија, којшто претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства.

Основната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа.

Предложениот закон воспоставува посовремена рамка за функционирање на Државниот завод за ревизија, со посилен акцент на неговата независност, професионалност, транспарентност и квалитетот на ревизорската работа.

Крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон законско, економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и кон поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните.

Една од клучните новини на Законот е во насока на дополнителното зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со Предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во Годишната програма за работа.Исто така Предлог-законот го прецизира и опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на ревизија, кога постои економски, финансиски или друг вид интерес и кога се користат средства кои претставуваат јавни расходи.

Значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик, во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат и надлежностите на главниот државен ревизор. Посебно внимание е посветено и на професионализацијата на Државниот завод за ревизија и развојот на човечките ресурси.

Важен сегмент од реформата е и зајакнувањето на транспарентноста и следењето на ефектите од државната ревизија. Со Предлог-закон се посветува внимание и на следењето на степенот на спроведување на дадените препораки кое се поставува како јасно дефинирана постапка. Ова особено од причина што крајната цел на државната ревизија не е само да ги констатира слабостите, туку да придонесе тие да бидат отстранети и да се подобри управувањето со јавните средства.

Можеби ќе ве интересира...

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ – Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме

BiznisPRO

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА И ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ: САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО ОДБЕЛЕЖУВА 20 ГОДИНИ ПРИДОНЕС ВО МАКЕДОНСКИОТ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМ

BiznisPRO

Се одржа 52. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO