„Визер“ укинува летови од Скопје до четири европски дестинации

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови.

Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен.

Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

Можеби ќе ве интересира...

Телеком Србија втора година по ред најголема и најуспешна компанија за телекомуникации во регионот

BiznisPRO

Изминатото деноноќие произведени се 15.179 MWh електрична енергија и целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

BiznisPRO

ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Илјадници работници мора да добијат К-15 на своите сметки – еве колку е минимумот

BiznisPRO