Владата најави поевтина струја за компаниите за стабилизирање на цените на храната

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција во своето обраќање ги образложи новите одлуки од денешната владина седница, со кои им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја.

Според него, ќе се обезбеди поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

-Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Веќе беше јавно соопштено од производителите на основни производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат за најмалку 10%, рече Ковачевски.

Основните и средните јавни училишта, јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води ќе може да склучат договор за снабдување со ЕСМ Продажба, по цена од 95 евра по мегават/час.

-Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ, обезбедуваме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, со што ќе обезбедиме непречено функционирање, односно непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават/ час електрична енергија, посочи премиерот.

Ковачевски додаде и дека струјата ќе продолжи да се субвенционира со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми кои вработуваат 98% од вработените во државата.

-Се грижиме за најранливите и понатаму, и 42.000 граѓани од најранливи категории, како што соопштивме со мерките ќе добиваат директна финансиска помош. Исто како и 330.000 пензионери кои покрај зголемените пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка оваа зима согласно последниот пакет антикризни мерки, потенцира премиерот и нагласи:

-И ние како држава не сме сами, Република Северна Македонија добива 80 милиони евра грант поддршка од ЕУ кој што ќе биде искористен за буџетска поддршка во државата на почетокот на идната година. Со земјите од соседството изминатиов период имаме многу интензивна комуникација, бараме начини и решенија да си помогнеме во изнаоѓање на решенија за предизвиците што не очекуваат во периодот што следува, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира...

ЗАБОРАВИЈА ДЕКА НЕ СОРАБОТУВААТ: Германците се уште транспортираат руски течен природен гас

BiznisPRO

Доаѓаат пари на сметките: Кој има право на К-15 годинава и колку ќе изнесува?

BiznisPRO

Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки, најави власта

BiznisPRO