Владата одлучи да продолжи да ги субвенционира сметките за парно греење во Скопје

Според владината одлука, мерката за субвенционирање на сметките за парно греење во Скопје ќе важи се до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Владата на денешната седница, меѓу другото, одлучи да го продолжи субвенционирањето на сметките за парно греење на домаќинствата на подрачјето на Град Скопје. Според одлуката, оваа мерка ќе важи сè до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Оваа одлука, велат од Владата, има за цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија.

„Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија – ЕСМ, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на Gрадот Скопје“,велат од Владата.

Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на системот за централно греење на кој грејната сезона трае од 15 октомври до 30 април.

Можеби ќе ве интересира...

Азески на средба со Маричиќ: Бизнисот бара департизација на институциите за олеснување на преговарачкиот процес со ЕУ

Бизнис про

Дизелот поевтинува – Ова се новите цени на горивата

Бизнис про

НОВ ЗЕМЈОТРЕС НА ПАЗАРОТ: Енергетскиот гигант Equinor ја прекина трговијата со руска нафта

Бизнис про