Внимание при купување на пелети: Инспекторите открија голема измама

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски, денеска упати предупредување до граѓаните да бидат внимателни при купување на пелети за огрев, поради можни злоупотреби со декларирањето на квалитетот. Тој истакна дека на пазарот се нудат пелети кои се означени како А класа, но всушност може да бидат од пониска класа, како А2 или Б, кои се наменети за индустриска, а не за домашна употреба.

Трајковски на прес-конференција информира дека инспекциските служби откриле случаи во кои пелетите се продавале како словенечки, но всушност немале никаква врска со Словенија.

Граѓаните се советуваат внимателно да ги проверуваат етикетите и сертификатите на пелетите пред да донесат одлука за купување, особено во услови кога побарувачката е зголемена, а на пазарот се појавуваат производи со сомнителен квалитет.

Можеби ќе ве интересира...

Компанија која исплати дивиденда од 98 милијарди долари

BiznisPRO

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

BiznisPRO

Потпишан договорот за изградба на гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција

BiznisPRO