Во мај 2026 година 131 723 туристи оствариле 236 727 ноќевања

Во мај 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.

Можеби ќе ве интересира...

2,8 милиони евра грант од ЕУ за заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија

BiznisPRO

Се отвораат нови дестинации: Ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион…

BiznisPRO

Потпишан нов Договор за соработка на Народната банка и Државниот завод за статистика

BiznisPRO