21 СРЕЌЕН ДОБИТНИК ЌЕ ДОБИЕ ДО 1000€ ВО WIZZ КРЕДИТИ
Скопје, 21 мај 2025. По големиот интерес што го покажаа патниците за време на роденденската недела, Wizz Air – најеколошката авиокомпанија во регионот EMEA , ги завршува прославите со едно финално изненадување: специјална роденденска томбола.
Од 21 до 25 мај, сите патници кои ќе резервираат лет со Wizz Air за патување во мај или јуни 2025 година, ќе имаат можност да го освојат целосниот износ од нивната резервација назад – до 1000€ во WIZZ кредит.
Учеството е едноставно:
1. Резервирајте лет преку wizzair.com или преку WIZZ App помеѓу 21 и 25 мај 2025.
2. Резервацијата мора да биде за патување во мај или јуни 2025.
3. За да учествувате во томболата, внесете го кодот на вашата резервација на специјалната промотивна веб-страница: birthday.wizzair.com.
4. Вкупно 21 добитник ќе биде избран по случаен избор и ќе добие WIZZ кредит во вредност еднаква на резервацијата – до 1000€.
Роденденската Томбола е завршното поглавје на прославата на Wizz Air која трае цела недела, која вклучи над 1 милион седишта по цена под 1369 денари и до 21% попуст на сите летови низ мрежата на авиокомпанијата.
Од своето основање во 2004 година, Wizz Air пренесе повеќе од 437,7 милиони патници, нудејќи достапни и незаборавни патувања на повеќе од 800 рути, во речиси 200 дестинации низ повеќе од 50 земји. Со флота од 232 авиони и 33 оперативни бази, Wizz Air постојано расте и инвестира во иднината на воздушниот сообраќај.
Во согласност со програмата Customer First Compass и планот за инвестиција од 14 милијарди евра во следните три години, оваа специјална томбола е уште една потврда за заложбата на Wizz Air да понуди вредност, избор и признание на својата сè поголема база на патници.
Правилата и условите за Роденденската Томбола се достапни на: www.birthday.wizzair.com.
„Успехот на нашата роденденска промотивна недела само го потврди она што одамна го знаеме – нашите клиенти се во срцето на сè што правиме. Оваа томбола е наш начин да кажеме ‘благодариме’ и да возвратиме на сите кои постојано нè избираат и ни веруваат,“ изјавија од Wizz Air. „Без разлика дали планираат спонтано пролетно патување или сакаат да го започнат летото со авантура, со нетрпение очекуваме да видиме каде ќе ги однесе нивното следно патување.“
Со повеќе од 29 рути до и од Северна Македонија, Wizz Air продолжува да го зацврстува своето присуство во земјата. Само во 2024 година, авиокомпанијата реализираше речиси 11.000 летови до/од Северна Македонија и пренесе речиси 15 милиони патници од почетокот на своето работење. Wizz Air моментално има една база во Северна Македонија – во Скопје. Летната програма за 2025 година вклучува проширен избор на дестинации и зачестеност на летови, овозможувајќи им на македонските патници полесно од кога било да ја истражуваат Европа и пошироко по ниски цени.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...