Wizz Air надмина 1.000 летови дневно низ својата мрежа

Wizz Air со гордост објавува значајно достигнување во својата мисија за револуција во воздушниот сообраќај – надминување на бројката од 1.000 летови дневно низ својата мрежа.

1000-тиот лет ќе полета денес од Бакеу до Лондон Лутон, додека авиокомпанијата продолжува да ја проширува регионалната поврзаност и да ги поддржува локалните заедници. Ова историско достигнување ја вбројува Wizz Air меѓу водечките авиокомпании во Европа и претставува голем чекор напред во исполнувањето на иницијативата „Customer First“ – овозможувајќи подостапни и поевтини можности за патување за 75 милиони патници оваа година.

Wizz Air превезува над 200.000 патници секој ден, што е доказ за растечката побарувачка за нискобуџетни и квалитетни воздушни услуги во рамки на нејзината проширена мрежа. Со просек на едно полетување на Wizz Air авион на секои 90 секунди, авиокомпанијата игра клучна улога во поврзувањето на Европа и пошироко.
Со над 8.000 пилоти и кабински екипаж кои што работат секој ден, Wizz Air не само што го зголемува својот внатрешен тим, туку и поттикнува отворање нови работни места во авијацијата и туризмот секаде каде што лета.

Мрежата на авиокомпанијата опфаќа повеќе од 200 аеродроми во над 50 земји, со повеќе од 800 рути кои поддржуваат економски развој, мобилност и културна размена низ Европа, Блискиот Исток и пошироко.

Работејќи со една од најмладите и најмодерни флоти во светот, Wizz Air е на добар пат до 2028 година да премине на целосна флота од Airbus A321neo авиони. Овие авиони од новата генерација нудат 50% помала бучава, 20% помала потрошувачка на гориво и 50% намалување на емисиите на азотни оксиди во споредба со претходните модели.

Ова последно достигнување се совпаѓа со храбрата визија „W500“ на авиокомпанијата, која има цел да ја прошири флотата на Wizz Air на 500 авиони, и понатаму нудејќи ниски цени, намалување на емисиите и ширијќи го своето глобално присуство. Визијата „W500“ ја отсликува амбицијата на Wizz Air да стане најефикасната и еколошки најодржлива авиокомпанија на иднината, трансформирајќи го воздушниот сообраќај и поддржувајќи економски напредок во регионите каде што делува.

József Váradi, извршен директор на Wizz Air, изјави:

„Надминувањето на 1.000 летови дневно не е само бројка – тоа е симбол на нашата посветеност да го направиме авионскиот превоз подостапен и поевтин, и доказ за силата на нашиот ултра-нискобуџетен модел. Ова достигнување е посветено на нашиот неверојатен тим и на довербата од нашите верни патници, кои ја препознаваат уникатната вредност на Wizz Air: ниски цени, сигурна услуга и постојано растечка мрежа. Ќе продолжиме да растеме со цел – овозможувајќи патувања кои ги зајакнуваат заедниците и придонесуваат за одржлив економски развој во регионите што ги опслужуваме.“

Можеби ќе ве интересира...

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

BiznisPRO

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

BiznisPRO

Колку ќе биде еврото, а колку доларот? – Курсна листа за 4.10.2024

BiznisPRO