Wizz Air рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во Светот за 2026

Wizz Air, водечката авикомпанија во Централна и Источна Европа, е рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во светот за 2026 година од страна на Airline Ratings, глобалниот авторитет за безбедност на авиокомпании, квалитет на производот и оценки од патници. Рангирањето ја нагласува посветеноста на Wizz Air да обезбеди сигурно, премиум патничко искуство во сегментот на нискобуџетни авиокомпании, поддржано од една од најмладите флоти и силни оперативни перформанси.

„Во Wizz Air, секогаш верувавме дека нискобуџетниот модел никогаш не смее да направи компромис со квалитетот“, изјави József Váradi, извршен директор на Wizz Air. „Признавањето како една од 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во светот е силен поттик за производот што го создадовме – премиум искуство по достапна цена, обезбедено со дисциплина, сигурност и приоритет на клиентот. Работиме со високо модерна флота, вложуваме значајни ресурси во обука и технологија и секојдневно се стремиме да ги подигнеме стандардите во нискобуџетната индустрија.“

„Ова рангирање ја потврдува видливоста на нашите напори и ја одразува напорната работа на нашите екипи и на сите колеги во Wizz Air кои секојдневно ја одржуваат авикомпанијата на највисоко ниво. Ова признание им припаѓа на нив“,додаде József Váradi.

„Wizz Air продолжува да покажува како ултра-нискобуџетна авиокомпанија може успешно да ги комбинира конкурентните цени со модерна флота и силна оперативна ефикасност“, изјави Sharon Petersen, извршен директор на Airline Ratings. „Иницијативи насочени кон патниците, како Wizz Discount Club, им овозможуваат на членовите заштеди на цените на билети и багаж, додека WIZZ MultiPass програмата за претплата им овозможува на чести патници редовни месечни летови по предвидливи цени. Со една од најмладите Airbus флоти во Европа и брзо растечка мрежа, авиокомпанијата се покажа како значајна сила во секторот на ултра-нискобуџетни превозници.“

Најдобрите авиокомпании во светот се оценуваат исклучиво според производот што се нуди во лет, со фокус на избор, комфор и вредност низ целата мрежа на авиокомпанијата. Целосниот список на рангирани авиокомпании и дополнителни информации се достапни тука: https://www.airlineratings.com/.

Можеби ќе ве интересира...

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек прогласена за најдобра HR практика за вработените за 2024 година

BiznisPRO

Вицегувернерката Емилија Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба

BiznisPRO

45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

BiznisPRO