Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени.

„Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри услови, туку дека мора и да ги создаваме. Токму тоа и го направивме овде, за иднината на нашите деца. Благодарни сме на Општина Гази Баба, за нивната отвореност и поддршка. Ова не е само еднократна акција, туку пример за посветено партнерство и доказ дека заедно можеме многу повеќе“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ,.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го нагласи значењето на соработката меѓу локалната заедница и компаниите при реализација на вакви активности кои носат придобивки за заедницата.

„Ваквите иницијативи се пример како јавниот и приватниот сектор можат да работат рамо до рамо за иднината на општината и да придонесат за подобар квалитет на живот и развој на здрави навики кај младите генерации“, истакна градоначалникот Стефковски.

Оваа акција не е само симболична, таа е дел од пошироката стратегија на Пивара Скопје за поддршка на заедницата и заштита на животната средина.

Можеби ќе ве интересира...

Почна исплатата на јулските пензии, а познато е кога ќе има зголемување

BiznisPRO

Како да заштедите сериозни пари за струја претстојната зима?

BiznisPRO

Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391 740 MWh, што претставува 4.9 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO