Завршена сопственичката консолидација на М-6 ДОО

Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје.

По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски.

Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети сите договорни обврски поврзани со преносот на уделите, со што е официјално комплетиран процесот на сопственичка консолидација.

М-6 ДОО Скопје е мнозински сопственик на Винарската визба „Тиквеш“, „Охрид Турист“, како и на повеќе други правни субјекти во земјава.

Можеби ќе ве интересира...

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

BiznisPRO

Пензиите во март следната година ќе скокнат за уште 2.500 денари, но колку ќе се покачи минималната плата?

BiznisPRO

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал и првите девет месеци од 2025

BiznisPRO