Животот станува се’ поскап – Инфлацијата од 5 отсто ги изеде покачувањата на платите

Според податоците за индексот на трошоците на животот, инфлацијата во споредба со истиот период лани е 5 отсто, додека само во февруари 2025 година, а во однос на јануари 2025 година, цените скокнале за 0.5 %.

Ова зголемување е резултат на порастот на трошоците во следните групи:

  • Храна и безалкохолни пијалаци за 1.4 %,
  • Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8 %,
  • Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0.6 %,
  • Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.5 %,
  • Здравје за 0.2 %,
  • Комуникации за 0.1 %.

Намалување на трошоците на животот е забележано во следните категории:

  • Транспорт за 3.0 %,
  • Облека и обувки за 0.3 %,
  • Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0.2 %.
  • Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, изнесува 99.4.

На годишно ниво, индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи пораст од 5.0 %, додека индексот на цените на мало е зголемен за 4.2 %.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со апел до засегнатите даночни обврзници: Платете го пријавениот даночен долг!

BiznisPRO

Индекси на прометот во индустријата, декември 2024 година

BiznisPRO

Објавена нова листа на милијардери: Кој е на врвот сега

BiznisPRO