Значително намалување на цените на горивата – РКЕ со нова одлука

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,635 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Сигурна во секој чекор со Халк Осигурување

BiznisPRO

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

BiznisPRO

Нови пониски надоместоци за струја од 1 јануари 2026

BiznisPRO