Зошто Австријците се откажуваат од органското производство?

Австрија е водечка земја во Европската унија во еколошкото земјоделство. Таму храната органски се одгледува на дури 27,1 отсто од обработливото земјиште. За споредба, просекот на ЕУ е нешто повеќе од 10 проценти. Во последните години се забележува позитивен тренд на потрошувачката по глава на жител и раст на пазарниот удел, пишува Агрархојт. Во 2023 година, во однос на претходната година, продажбата на еко-свежи производи е зголемена за 5,3 отсто на околу 873,6 милиони евра, но во категоријата други – преработени органски производи опаднала за 2,8 отсто. Во исто време паѓа и бројот на органски фарми. Од 2022 до 2023 година, 930 фарми, или четири отсто, беа затворени. Лани ги имало 24.148, што е 22,7 отсто од вкупниот број.

Намален е и бројот на површините под овој вид на одгледување, за 10.000 хектари, односно се помалку за 1,5 отсто, а се обработуваат вкупно 695.180 хектари.

Претседателката на здружението „Био Австрија“, Барбара Риглер, главната причина за ваквиот пад ја гледа во тоа што земјоделците не можеле да заработат доволно приходи бидејќи продажните цени биле прениски, а во исто време значително се зголемени трошоците за работа.

За да го поттикне овој вид производство, министерот за земјоделство неодамна презентираше пакет од 360 милиони евра, но од здружението сметаат дека тоа само ќе ја отежне ситуацијата бидејќи ги ограничува земјоделците.

Како што беше најавено во август минатата година, сличен тренд има и во Италија, која е рамо до рамо со Австрија по успех во еколошкото производство. Неодамна беше објавено дека земјава нема прецизни податоци за бројот на оние што го напуштаат секторот, но оние кои се откажуваат најчесто го оправдуваат напуштањето на бизнисот со високи трошоци за сертификација и поголеми административни барања, што е особено проблем за малите производители.

Можеби ќе ве интересира...

Јавен повик за кофинасирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

BiznisPRO

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

BiznisPRO

МЗШВ: Исплатени 455,3 милиони денари кон 1771 сточар за обележани грла овци постари од 12 месеци

BiznisPRO