• март 11, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари

35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди  издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра, велат од МТСП.  

Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност и ликвидноста на компаниите, произлезе од Економскиот совет во кој учествуваа, претставници од академијата, стопанските комори, поголемите компании од земјава, синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.

Во таа насока 35.000 граѓани од  најранливите категории ќе добијат субвенции односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци,  за купување на основните производи за исхрана. 

Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна  финансиска помош за околу  330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или  по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај.

Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот  со 50%,  и 50% растот на просечната плата,  ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието. 

Ова е историско и рекордно зголемување – пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка. Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари, велат од МТСП.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…