БДП пораснал за 0.9 отсто

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0.9 %.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 5.5 % и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3.5 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 5.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 70.9 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.3 %.

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.

Можеби ќе ве интересира...

Дали треба да посетите менувачница – Курс на девизи за 26 март 2024

BiznisPRO

Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO

На редовната аукција беа понудени и во целост реализирани благајнички записи на ниво од 10.000 милиони денари

BiznisPRO