Земјиште на ЕВН дадено на користење за археолошки истражувања

ЕВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа.
Првиот човек на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, г-ѓа Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно користење на парцела од 6000 квадратни метри, а на настанот беа присутни и Министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков и амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г-дин Мартин Памер.

„Овој договор за отстапување на парцелата за истражувања на Археолошкиот музеј е симбол на посветеност за презентација на културното наследство и заштита за идните генерации. Ова наследство не е важно само за историјата на Македонија, туку е дел и од европската цивилизација“ истакна Маиер.

За директорката Манаскова, поддршката од ЕВН е пример за општествена одговорност,а договорот е основа за долгорочна соработка која ќе овозможи подобри услови за работа на археолошкиот локалитет.

Можеби ќе ве интересира...

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja: ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА КУЛТНИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР НА „АЛКАЛОИД“

BiznisPRO

Драстично зголемено богатството на Илон Маск

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO