Германското производство се зголеми за прв пат од април 2023 година, за еден процент

Германското индустриско производство, според прелиминарните податоци, е зголемено за еден отсто во јануари во однос на декември, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Индустриското производство во Германија се зголеми од месец во месец за прв пат од април 2023 година.

Говорот на Бајден беше проследен со протести: Уапсени 50 лица, бараа да се прекине…

Пазарите очекуваа поскромен месечен раст на индустриското производство од 0,6 отсто.

Производството на интермедијарни производи во јануари е зголемено за 4,4 отсто, како и на производи за широка потрошувачка за 4 отсто, додека производството на капитални производи е намалено за 2,1 отсто, а производството на енергија за 3,7 отсто.

Најголем месечен раст е забележан во хемиската индустрија од 4,7 отсто, прехранбената индустрија од 5,9 отсто и одржувањето и монтажата на машини за 11,1 отсто, додека производството во автомобилската индустрија е намалено за 7,6 отсто.

Конститутивната седница на Собранието на Србија ќе продолжи на 11 март

На квартално ниво, индустриското производство во Германија од ноември 2023 до јануари 2024 година падна за 1,5 отсто во однос на претходниот квартал.

Можеби ќе ве интересира...

Америка во неволја: „Потрошија многу пари“

BiznisPRO

Добра вест: Тргна исплатата на пензиите предвреме, еве која банка излезе со важно соопштение

BiznisPRO

Не е само Рига, од Скопје се лета на 59 дестинации во светот преку 22 авиокомпании

BiznisPRO