Цените на гасот нагло пораснаа на европскиот пазар

Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа на берзата ТТФ, за 10,4 отсто на 37,8 евра за мегават-час поради падот на приливот на гас од Норвешка.

Цената на гасот во Европа е највисока во последните шест месеци.

Норвешкиот гасовод Гаско објави дека имало инцидент кај гасниот центар Слејпнир, кој потоа бил затворен.

Засега не е јасно кога хабот ќе продолжи со работа со полн капацитет.

Референтните цени на бензинот во Велика Британија, исто така, денеска пораснаа за 15 отсто, бидејќи испораките од Норвешка за Велика Британија беа значително намалени.

Како што објави порталот „Oilprice“, Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа по февруари 2022 година и падот на извозот на руски гас во Европската унија, а непланираните прекини на снабдувањето од оваа скандинавска земја дополнително ја нагласуваат европската ранливост.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 28 септември 2024

BiznisPRO

4iG основа компанија во земјава – Дали ќе биде трет оператор за мобилни услуги во Северна Македонија?

BiznisPRO

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА СТИГНА ДО 69.432 ДЕНАРИ: За еден месец трошоците пораснале за уште 757 денари

BiznisPRO