Јужна Кореја започна подготовки за активирање на фонд за стабилизирање на берзата, со цел да ја ограничи неизвесноста по силниот пад на домашните и американските акции. Одлуката била разгледана на итен состанок на финансиските институции, пред повторното отворање на пазарите во понеделник.
Корeјските власти најавија олеснување на дневните ограничувања за откуп на сопствени акции од страна на котираните компании, за период од три месеци почнувајќи од 24 ноември. Паралелно ќе се спроведува засилен надзор врз незаконската кратка продажба на акции, пазарните манипулации и други активности што можат дополнително да ја зголемат нестабилноста.
Берзанскиот индекс KOSPI на 20 ноември забележал дневен пад од 5,21 проценти, завршувајќи на 4.869,96 поени, а неделниот пад изнесувал 7,95 проценти. Владата нагласува дека фондот треба да биде подготвен за брзо активирање доколку состојбата го бара тоа. Ова не значи дека средствата веќе се потрошени за купување акции. Мерките се особено значајни за азиските технолошки и финансиски пазари.
