Значителен пад на издадени одобренија за градба во јануари во споредба со истиот месец лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари, што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2.

Можеби ќе ве интересира...

Државата дели по 1000 денари месечно за плаќање на струја – еве кој може да аплицира

BiznisPRO

Биткоинот бележи рекордна вредност во исчекување на потврда за победата на Трамп

BiznisPRO

Значителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги

BiznisPRO