Дали Илон Маск сака да го симне јутјуб од тронот?

Паднаа сите маски, тој не ги крие плановите Милијардерот и сопственик на платформата X откри дека оваа платформа наскоро ќе овозможи видеосодржини со долга форма на паметните телевизори.

Одговарајќи на барањето на корисникот, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори. Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе наликува на апликацијата YouTube за ТВ, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане конкурент на платформата на Google.

Платформата X додава многу нови функции во последниве месеци, а Маск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видео содржини во долга форма.

Можеби ќе ве интересира...

xAI на Илон Маск официјално го доби Grok со отворен код

BiznisPRO

Се тестира нова функција за WhatsApp: пишувате текст и се создава слика

BiznisPRO

Повторно Apple симнат од тронот : Ова е највредната компанија во светот

BiznisPRO