фото Бизниспро

На редовната аукција беа понудени и во целост реализирани благајнички записи на ниво од 10.000 милиони денари

На 13 март 2024 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 6,30%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 10.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 10.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 17 април 2024 година, соопшти НБРМ.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чинат девизите на 23 јануари 2025?

BiznisPRO

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 6.6.2024

BiznisPRO

Ова се сите производи кои ќе бидат намалени со есенската кошничка

BiznisPRO