Маск е АПСОЛУТНО решен да ја прошири GIGAFABRIC во Германија

Главниот извршен директор на Tesla најави дека ќе ја прошири фабриката за автомобили во Гринхајде во близина на Берлин, и покрај нападот на електричната мрежа минатата недела.
Илон Маск е снимен како ненајавено пристигнува за да ги „поддржи вработените“ во фабриката на групата во близина на Берлин, една недела по саботажата која го запре производството.

Американскиот милијардер, со еден од неговите мали синови на рамениците, пристигнувајќи со својот приватен авион, се качи на сцената во шатор во кој имаа меѓу 1.000 и 2.000 луѓе и беше пречекан со громогласен аплауз.

„Тука сум да ве поддржам“, им рече тој на вработените во „гигафабриката“ јужно од Берлин, во малиот град Гринхајд. На прашањето на новинарите дали сè уште постои план за проширување на фабриката, Маск одговори: „да, апсолутно“.

Пред една недела избувна пожар на столб за далновод кој беше „окупиран“ од мала група од екстремната левица, а прекинот на струјата неколку дена ја оневозможи работата на единствената фабрика на Тесла во Европа.

„Ќе биде потребно извесно време пред целосно да се обнови производството, но првите чекори се направени“, напиша директорот на фабриката Андре Тирих на LinkedIn кога фабриката делумно беше повторно отворена.

„Екотерористи“ ја саботираа фабриката
Маск ги нарече пироманите „еко-терористи“, тврдејќи дека производството на електрични возила, спротивно на нивните ставови, придонесува за заштита на планетата.

Групацијата „Вулкан“, која ја презеде одговорноста за акцијата на далноводот, објави дека е против проширување на локацијата на фабриката „Тесла“, планирано да се удвои производствениот капацитет на еден милион возила годишно.

Проектот, кој беше отфрлен од жителите на локалниот референдум во февруари, беше особено критикуван поради неговото влијание врз достапноста на водата и биодиверзитетот, како и за неопходното уништување на шумите.

Во „Gigafactory“ од 300 хектари, 12.000 луѓе го произведуваат „Model Y“ – водечкиот теренец на Tesla за европскиот пазар.

Производството во близина на Берлин започна во 2022 година по долг процес на издавање дозволи и градба со многу правни и административни пречки.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионери очекувајте пензии! Датумот на исплатата е познат, а еве и колку ќе бидат покачени

BiznisPRO

Во Дубровник дневна карта за паркирање чини како ДВА ДЕНА ОДМОР

BiznisPRO

Струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

BiznisPRO