Pazar3.mk освои прво место во категорија Е-Огласник за 2023 година на настанот организиран од АЕТМ

Pazar3.mk освои прво место во категорија Е-Огласник за 2023 година на настанот организиран од Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија.

На 14.03.2024, се одржа свечена манифестација за доделување на награди за е-трговија за 2023 година, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Pazar3.mk го освои првото место на натпреварот за избор на најдобар ,,Е- Огласник” за 2023 година во категоријата “Најдобри Е-Продавници по сектори”. 

Pazar3.mk е веб сајт за огласувње каде што веќе 18 години секој може брзо, лесно и едноставно да продаде и купи се што ќе посака. Достигнатиот успех – прво место во категорија “Е-Огласник”, се должи на професиналниот тим, кој деноноќно се фокусира да обезбеди најквалитетни услуги за клиентите. За сето тоа доказ се и самите статистики од над 550.000 достапни огласи во најралични категории од автомобили, живеалишта, услуги, работа, електроника и многу други со над 80.000 посети во еден ден. 

Клучот на успех се должи на  желбата за работа, вложениот труд, знаење, ескпертиза, и секако најважно од се довербата на самите корисници на услуги.

Со овој настан како и со промоцијата на е-услугите на многубројните компании во државата само се олеснува начинот на функционирање и дигитализација на потребите на самите граѓани. 

Можеби ќе ве интересира...

Техномаркет отвори нов салон во Diamond Mall

BiznisPRO

Програма на неработни денови за 2025 година

BiznisPRO

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

BiznisPRO