Колкава пензија може да очекува работник со минимална плата во Германија?

Дали сакате да живеете со добра германска пензија на старост? Дефинитивно е можно. Меѓутоа, за да го постигнете ова, мора да имате добра саатница во Германија.

Секој кој бил добро платен во текот на работниот век во Германија, може да очекува дека ќе биде во добра финансиска состојба во староста. Но, колку всушност треба да биде саатницата?

Бруто саатницата за работна недела од 37,7 часа, според последните пресметки, не смее да падне под 21,19 евра, пишуваат германските медиуми.

Доколку оваа сума ја заработите во текот на една година, таа ќе одговара на бруто годишна плата од 41.541 евро. Со такви примања, на сегашното ниво на пензија, по 45 години работа би добиле пензија од околу 1.538,55 евра. Затоа, пензија од 1.538 евра е доволна за добро да се живее во старост, пишуваат германските медиуми.

Сепак, законската пензија е ограничена. Тоа значи: Нема покачување од приход од 6.000 евра и без разлика на поголема заработувачка, тој е 3.077 евра на запад и 3.032 евра на исток.

Ако заработувате повеќе од 22 евра на час, можете да бидете среќни. Затоа што со таква саатница, пензијата ќе ти биде многу солидна на старост. Но, ситуацијата е поинаква за луѓето кои моментално земаат минимална саатница од нешто повеќе од 12 евра. По 45 години придонеси ќе добиете скромна пензија од 871,20 евра – сосема малку, пишуваат германските медиуми.

Ова мислење го дели и германското пензиско осигурување, пишува магазинот Феникс. Според тоа, сите луѓе во Германија кои примаат бруто пензија помала од 1.200 евра се сметаат за изложени на ризик од сиромаштија.

Ако сте разочарани од изгледите за вашето идно пензионирање, можете малку да се опуштите. Дадените бројки се само упатства и се одредуваат врз основа на стандардни претпоставки. Затоа тие не ја одразуваат прецизната реалност. На крајот на краиштата, ниту еден човек на овој свет нема иста саатница во текот на својот живот, а таа обично се зголемува редовно. Покрај тоа, вашата идна германска пензија не зависи само од вашата саатница, туку и од вашата возраст за пензионирање. Доколку работите до крајот на работниот век (вкупно 45 години), секако ќе добиете и целосна пензија.

За да добијат месечна пензија од 1.000 евра, вработените со полно работно време мора да заработуваат 2.844 евра бруто месечно во текот на 40 години. Оние кои сакаат да земат нешто повисока пензија од 1.200 евра, мора да земаат месечна плата од 3.413 евра за 40 години.

Можеби ќе ве интересира...

Многу Македонци ќе заминат на гурбет во Хрватска, платите пораснаа – Еве колку ќе се движат ова лето

BiznisPRO

Во Дубровник дневна карта за паркирање чини како ДВА ДЕНА ОДМОР

BiznisPRO

(ВИДЕО) За 38.000 евра 72 квадрати ЧИСТ ЛУКСУЗ: Овој стан се продава и не е далеку од нас

BiznisPRO