Полнете резервоари: Ново сериозно зголемување на цените на бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

BiznisPRO

Деловните субјекти потрошиле за 14.9 % повеќе градежни материјали и енергија во 2025 година во однос на 2024 година

BiznisPRO

Познато е кога ќе биде исплатена мајската пензија

BiznisPRO