Diners Club Македонија го прославува својот 30-ти роденден – под мотото „Кога повеќе значи повеќе“ Diners Club ја најави јубилејната година

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Diners Club денес го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер.

Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата. Уште од 1994 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија, па сѐ до денес, Diners Club постигнува континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа во повеќе од 5 000 продажни места и преку 7 540 POS-терминали. Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Discover е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низ светот. Приказната за Diners Club започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Diners Club станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.

„Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и понепречено искуство на нашите членови. Diners Club е повеќе од само картичка, Diners Club е чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе!“ – изјави Божидар Јанковски, управител на Diners Club Македонија.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со уште поголем мотив за сите идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извонредна услуга на партнерите, соработниците и членовите.

Можеби ќе ве интересира...

Во јули: Годишен раст од 7,3% на вкупните депозити и од 7,3% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Pazar3.mk освои прво место во категорија Е-Огласник за 2023 година на настанот организиран од АЕТМ

BiznisPRO

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 6.6.2024

BiznisPRO