Чекаа и дочекаа: Најголем пад на цените на становите од 2000 година

Цените на станбените недвижности во Германија паднаа за 8,4 отсто на годишно ниво во 2023 година, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Ова е најголем пад на цените на станбените недвижности од година во година во Германија од 2000 година, кога Дестатис почна да ги води овие статистики.

Како што е наведено на веб-страницата, во периодот од 2008 до 2022 година цените на станбените недвижности во Германија континуирано растеле на годишно ниво, па така лани имало пресврт по подолг временски период.

Ако ги погледнеме статистиките за четвртиот квартал од 2023 година, цените на станбените недвижности паднаа за 7,1 отсто во споредба со истиот квартал од 2022 година.

Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен минатата недела објави извештај во кој се наведува дека германското домување е „во длабока криза“ и дека нема изгледи ситуацијата да се подобри во 2024 година.

Индексот кој го мери расположението на германските компании во изградбата на станови падна во февруари од минус 60,7 поени во јануари на 61,9 поени, што е најниско од 1991 година, кога ИФО го започна ова истражување.

Можеби ќе ве интересира...

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

BiznisPRO

Еден од најголемите трговски ланци доаѓа во Србија

BiznisPRO

Колку ќе чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 27 ноември 2024

BiznisPRO