Пензиите преку оваа банка ќе станат достапни веќе в понеделник

Фејсбук статус на Комерцијална Банка:

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за март од понеделник, 01.04.2024 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник, 01.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката. 👐

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. 😊

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот. ✅

Мапата со локации на банката е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Можеби ќе ве интересира...

Дали во четврток треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 31 октомври 2024

BiznisPRO

Го достигна максимумот: Цената на храната расте на светско ниво

BiznisPRO

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал од 2024 година

BiznisPRO