фото Бизниспро

АФПЗРР : Започнува аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,
– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е:

www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на цените во земјоделството, февруари 2025 година

BiznisPRO

Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

BiznisPRO

Пченицата ќе се откупува по 12 денари

BiznisPRO