УЈП со нов визуелен идентитет – “Заеднички градиме иднина” (ВИДЕО,ФОТО)

Управата за јавни приходи е една од ретките државни институции а можеби и единствена која има свој визуелен идентитет и свој слоган. Низ годините УЈП полека но сигурно си го наоѓаше своето место во општеството. На самиот почеток во своето лого го содржеше Министерството за финансии, понатаму се идентификуваше како чувар на клучот на државната каса бидејќи е нејзин најголем полнач. Со нејзиниот развој се создаде потреба од нов визуелен идентитет претставен преку два триаголника во сива и розева боја кои го одразуваа балансот меѓу приходите и расходите. А со слоганот ТВОЈ ДАНОК ТВОЈА ИДНИНА упатуваше силна порака дека иднината зависи од секој од нас.

Следејќи ја структурата на даночните системи и даночните стимулации кои ги применуваат најразвиените земји од светот и од регионот, создадоа услови за воведување и применување на најсовремените практики во оданочувањето. За ваква модерна и дигитализирана даночна администрација а следејќи ја својата визија и мисија се наметна потребата од нов визуелен идентитет.

Новото лого претставува динамична структура од буквите У, Ј и П симболизирајќи ја повеќеслојната природа на даночните операции и посветеноста на Управата за јавни приходи кон современите практики за градење на модерно, дигитализирано и транспарентно управување со даноците. Растот и просперитетот на институцијата најдобро се изразени преку зелената и сината боја и се одраз на придонесот на УЈП во поттикнување на економски раст и просперитет на општеството.

Препознатливиот слоган ,,Твој данок твоја иднина,, се трансформира во Слоганот ,,ЗАЕДНИЧКИ ГРАДИМЕ ИДНИНА,, кој го прикажува партнерскиот однос на Управата за јавни приходи со граѓаните, компаниите и институциите кои ги негува низ годините, нејзината независност и висока професионалност. Градењето, оддржувањето и развојот на државата бара заедничко и одговорно делување на сите чинители во општеството, а Управата за јавни приходи е главната алка кој ги спојува. Без нивното заедничко и активно делување не може да се инвестира во градење на подобра иднина.

Затоа, акцентирајќи го единствениот мотив и цел на Управата за јавни приходи, граѓаните и компаниите заеднички да продолжат да го трасираат патот кон подобра иднина се доаѓа до слоганот ,,ЗАЕДНИЧКИ ГРАДИМЕ ИДНИНА,,

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот бележи рекордна вредност во исчекување на потврда за победата на Трамп

BiznisPRO

Дали треба да се оди во менувачница во петок? – Курсна листа за 21 јуни 2024

BiznisPRO

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари

BiznisPRO