Значителен пад на цените на горивата – еве ги новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,152 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,757 ден/кг

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата

BiznisPRO

УЈП објави податоци: Бојкотот успеа, над 45 проценти помал промет во големите маркети во споредба со истиот ден пред една седмица

BiznisPRO

Wizz Air најавува 5 нови возбудливи рути во Северна Македонија, зајакнувајќи ја посветеноста на раст и поврзување

BiznisPRO