Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен e 61.569 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 113.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (19.5 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.3 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (10.2 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 61 569 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Пораснал бројот на магистри и специјалисти

BiznisPRO

ДОКОЛКУ ЧЕКАТЕ ИСПЛАТА НА „МОЈ ДДВ“: УЈП со соопштение до скенирачите

BiznisPRO

Трошоците за живот поскапеле за 4.9 отсто

BiznisPRO