Откако илјадници семејства се снабдија со инвертери, цените на пелетите паднаа од 190 до 230 денари за вреќа со се достава

Пелетите за време на енергетската криза скокнаа на над 600 денари, но денес на македонскиот пазар може да се најдат и за 190 до 230 денари од вреќа која тежи 15 килограми и тоа со се достава

Многумина граѓани за време на светската енергетска криза, кога енергенсите растеа, а пелетите станаа вистински луксуз од пелети се префрлија на греење со клими, топлотни пумпи и дрвjа.

Дали ова ќе ги врати граѓаните повторно на пелетите засега не се знае, но огласниците и натаму се полнат со огласи за продажба на печки за пелети.

Многумина граѓани за време на кризата во 2022 сакаа да се ослободат од ваквите печки на пелети. Додека продажбата на вакви печки се намалуваше, климите стануваа најбарани продукти.

Можеби ќе ве интересира...

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

BiznisPRO

По еден авион туристи дневно ќе носи во Македонија германската туристичка агенција “РСД”

BiznisPRO

Во 2024 година Македонија има 23,6% повеќе доктори на науки во споредба со претходната година

BiznisPRO