ПОТРОШУВАЧКАТА АКТИВНОСТ ОСЛАБНА ВО БРИТАНИЈА – Продажбата на мало намалена за 0,4 проценти

Продажбата на мало во Велика Британија се намалила за 0,4 проценти во септември во споредба со претходниот месец, покажуваат денеска објавените статистички податоци. Намалувањето е поголемо од очекувањата на економистите, кои прогнозирале пад од 0,1 процент.

Економските аналитичари посочуваат дека невообичаено топлото време влијаело врз продажбата на есенската и зимската облека. Истовремено, притисокот врз семејните буџети и растечките трошоци за живот го ограничуваат трошењето на потрошувачите.

Податоците доаѓаат во период на неизвесност за британската економија и претстојните буџетски одлуки.

Можеби ќе ве интересира...

Азески панелист на регионалната конференција „Еден регион, еден пазар – чекор кон единствениот пазар на ЕУ“ во Нови Сад

BiznisPRO

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО СЛОВЕНИЈА СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН БОЖИЌЕН БОНУС – Најмалку 740,94 евра до декември

BiznisPRO

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

BiznisPRO