Лебот поевтини за денарче, а месото за дваесетина – Ова се новите цени низ маркетите

Маркетите од денес имаат обврска да ги намалат цените на околу 70 основни продукти.

Со владината одлука маржите на одредени продукти ќе бидат до максимум 10 отсто.

Според информациите од маркетите цените се слични како и претходно.

Пример цената на лебот се намалил за денар до два, месото од 10 до 20 денари за килограм, како и цените на рибата.

Млечните производи исто така имаат незначителен пад.

Сепак забележани се и поевтинувања на овошките и зеленчукот.

Маркетите мора уште од денес да ги утврдат новите цени на посочените основни продукти. Ваквата есенска кошничка се очекува да трае до крајот на октомври.

Владата најави вакви слични акции и за Нова Година, Рамазан, Велигден и тн.

Можеби ќе ве интересира...

Во третото тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година

BiznisPRO

Познато е кога ќе биде исплатата на пензиите за мај, а еве и кога ќе има покачување

BiznisPRO

Паднаа цените на нафтата

BiznisPRO